Мртов Бунтовник И тогаш,среде окото во височините се разбуричка живата игривоста на минатите дни,оставаќи ги зад себе сите празни небесени беседи…ја чекав жената…прозирна и лелеава..да ги подаде рацете и да ги исполни сите шупливи глобочини…полека се појави и се разретчи..беше една вселена без ѕвезди..стоев…исправен за последен пат..не на земја…во некоја непозната зелена пустина што ме одвојуваше од земјата.. -зарем се враќаш на земскиот живот,на тој сув и суров миг на опстојување.. -на непознат јазик ми глаголеше црн монасу…,со ослободено сознание сум,рацете веќе ми се мртви..само ветрето на полноќ што дува може да ми ги воскресни и да ги оживее згрчените прсти.. -беседата на проколнатите веќе ја напиша…на никого веќе не му споменувај за она што го узна синоќа.. -поинакви и беа очите..на таа поделена душа надве..нурната втемница,без трепер од светлината е.. -ти болскаат зениците..и без жилички на животворноста во окото бараш тајни повторно да откриеш..со студена свртеност кон големото око е,ете ти една тајна откриена.. -зарем напати од толку трагање се вангелисував..претсказанието дрско ме расплинуваше низ скрб и јад..оживуваа во мене многу очи…рамнодушието или гневот не ветуваше никаква иднина..и сеедно глаголев тогај..ѕверски притаена под моите веѓи клечеше со студена насмевка..со повремени искри на нејзината итроштина и пресудни мигојављенија ме будеше низ сказанијата..тогаш без возбуда ја гледав како гола жена легната во трепелива магла..се спровираше истанчена врз туѓи клепки,зовриваше се топеше,мислев се бараат еден со друг..но се било поинаку..нејзината раскошна белина со татнеш го раѓаше громогласниот подбивен смев кон машкиот род..завиваше сетне како столетна старица кон месечината се додека не и прснеше утробата..од таму грозомори скокаа..гуштерици крастави,скакулци висеа на гранките..од нејзиниот семоќен страв мажите ги болеа и очите,кутрите се препокриваа со рацете за да не ја видат,телото им скапуваше за миг,исцедено и суво..во мешунките на нивните сништа им ги 2 пушташе пипалата на јадот,и танцуваше со занес гола кога од небото ќе паднеа снопишта од молњи огнени.. -внимавај,челото ти е оросено со дробни ѕвезди…на оние осамени,напуштени,отфрлени,проколнати што ќе се ведат над ова твое писание,пакосно и сатанаилски ќе те плукаат,грешни и самите од својата осакатеност,ќе ти ги откриваат мислите и небаре се Небесни Вестители ќе те наречат во својата милост..Мртов Бунтовник..покорен пред сите… -одбивам да слушам веќе било што… -да се помолиме,и да срасниме со земјата,уже ќе се габосаме..дождовите ќе дојдат покасно..
Nikodin Cernodrimski