Upisao:
OBJAVLJENO:
PROČITANO
772
OD 14.01.2018.PUTA
Ноќното лице на сонцето
Ноќното лице на сонцето Тогаш јаболката созреваа со утринската светлина, тогаш, кога и дланката созреваше околу јаболкото, тивко јаболката созреваа и со полната месечина што ни го покажуваше лицето на сонцето во мракот Тогаш, кога една молња како усвитено јаболко влезе во старата куќа, а дедо ги отвори прозорците за да не удри во ѕидовите од собите скрбни и рече дека ништо не треба една душа слободна да ја сопре Тогаш, кога шараните отскокнуваа од водата мирна, распрснувајќи ја месечината во кругови од вокали, тогаш, кога еден човек првично на месечината стапна и отскокна ослободен од тежата и тежината на умот Тогаш, кога занесено со мојот детски другар Илија легнати на грб, гласно мислевме со ѕвездите јадри и бескрајниот дијамант на вселената го гледавме избрусен во безброј агли што светкаа со сето време Тогаш, кога посакавме да го зачуваме нашето време во еден лет уште пред да ги рашириме крилјата, а не знаевме дека веќе сме си закана на самите себеси и животот и смртта не си беа доволни еден на друг Тогаш, кога дланките ни созреaа околу јаболкото, и тивко јаболката созреваа со полната месечина, мирно Боже Ти ни го покажа ноќното лице на сонцето ко плод што не се кине од неизговорот на совршеното... Борче Панов